| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА го објави идеалниот состав за ЛШ, во него ги нема Нејмар, Погба, Ибрахимовиќ…

real-madrid-champion-2016-2

По заокружувањето на европската сезона, УЕФА денеска го обелодени и идалниот тим на Лигата на шампионите, составен од дури 18 фудбалери. Иако станува збор за поширок список, во него не се најде место за Томас Милер, кој промаши клучен пенал за Баерн Минхен против Атлетико, како и за Нејмар, кој играше променливо во ЛШ оваа сезона. Меѓу другите, во овој дрим-тим ги нема ниту Пол Погба од Јувентус и Златан Ибрахимовиќ од ПСЖ.

Очекувано, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се застапени со по шест фудбалери во идеалниот тим, следи Барселона со три, Баерн со два и ПСЖ со еден играч во најдобрите 18 во ЛШ за сезоната 2015/2016.

ГОЛМАНИ: Јан Облак (Атлетико), Мануел Нојер (Баерн).

ОДБРАНА: Диего Годин, Хуанфран (Атлетико), Тијаго Силва (ПСЖ), Серхио Рамос, Марсело (Реал М.)

СРЕДЕН РЕД: Габи, Коке (Атлетико М.), Иниеста (Барселона), Крос, Модриќ (Реал М.)

НАПАД: Роналдо, Герет Бејл (Реал), Роберт Левандовски (Баерн), Антоан Гризман (Атлетико), Луис Суарез, Лионел Меси (Барселона).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top