| четврток, 6 декември 2018 |

За сите кои ќе летуваат во Грција, еве што смеете да внесете во земјата

Цариниците имаат право да ја одземат храната и според законот за храна на ЕУ, секоја храна што е произведена надвор од ЕУ и згора на тоа не е вакуумирана цариниците имаат право да ја уништат.

grcija-odmor

Овој закон во земјите на Унијата се применува подолго време, но Грција беше толерантна и ѝ се прогледуваше низ прсти поради финансиската криза и туристите што доаѓаат во голем број.

Конкретно, тоа значи дека во Грција нема да смеете да внесете месо, млеко и млечни производи. Дозволено е да внесете само четириесет цигари, или 50 грама тутун. Можете да пренесете и еден литар пијалак, кој содржи повеќе од 22 проценти алкохол или два литра со помалку од 22 отсто алкохол. Кога се работи за пиво смеете да внесете 12 литри, а пак вино четири литри.

Дозволено е и два килограма храна за бебиња, како и за миленичиња. Готовнината над 10.000 евра, исто така, треба да се пријави кај цариниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top