Единствена пејачка од Словенија која исполнува шпанска музика и чии песни содржат неодолив латински ритам, Марија Мисле, ќе настапи на Макфест како изведувач од Словенија, во соработка со продуцентот Свен Гледјом. Марија ќе и се претставни на македонската публика на 2 јуни во првото полуфинале, со песната „Балкатон“, ќе настапи под реден број 14 и ќе пее на шпански јазик.
– Многу сум горда што учествувам на „Макфест“, кој има многу квалитетен формат, затоа што се пее и се свири во живо. Најголем комплимент за еден пејач е да го придружува цел оркестар, а воедно тоа е и најубав начин да и се пренесе на публиката магијата на латино ритмовите, испреплетени со прекрасните балкански ритмови, кои ги имам во крвта. Моите настапи се секогаш полни со темперамент, љубов, танц и емоции – изјави Масле.
Балкатон е збор и песна истовремено. Во неа има микс на автентични балкански инструменти, поврзани со ритмичните латино инструменти, кои едноставно тераат на танцување и забава. Ова е втор настап на Мариа на фестивал во Македонија. Минатата година настапи на фестивалот „Охрид фест – охридски трубадури“, каде што одлично си помина и запозна нови луѓе. Често доаѓа во Македонија, затоа што тука има многу пријатели и луѓето многу позитивно реагираат на музиката која Мариа ја создава. Вели дека Македонците се многу позитвен народ и токму поради тоа им одговара нејзината латино музика.
Покрај исклучителниот вокал и интересниот стил на интерпретација, Мариа Масле е одлична во латино танцот, со кој се занимава повеќе години. Поради својата голема љубов кон шпанскиот јазик, таа одлучила да ја креира својата музичка кариера во латино правецот. Досега имала можност да настапи со многу познати светски музички имиња, како што се Горан Бреговиќ, Ricardo Luqye (Кубисмо), Jaqueline Castellanos (Buena Vista Social Club) и други. Својот албум „Ла дама“, ќе и го презентира на македонската публика во текот на Макфест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.