Во вторник, (31 мај), со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, традиционално, за затворање на Мајските оперски вечери, ќе биде изведена оперската претстава „Аида“ од Џузепе Верди со интернационална солистичка екипа.
Настапуваат: Нашата првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, во насловната улога, Амнерис: Дина Хамзина-Казахстан, Радамес: Рубенс Пелицари-Италија, Рамфис: Игор Дурловски, Амонасро: Марјан Јовановски, Фараон: Кацухиро Котецу-Јапонија, Голема свештеничка: Надежда Рубен, Гласник: Марјан Николовски.
Режисер е: Дејан Прошев, диригент, Иво Липановиќ-Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.