Нашите фудбалска репрезентација вчера го имаше првиот тренинг во Виена, каде што утре ќе се сретне со Азербејџан во пријателски натпревар.
Селекторот Игор Ангеловски првиот тренинг во Виена го имаше во некомплетен состав. Репрезентацијата ќе се комплетира денеска кога на националниот тим ќе му се приклучат осуммината играчи кои вчера беа дел од составот на репрезентацијата до 21 година во квалификациската победа од 2-0 против Украина.
Атмосферата е позитивна, a некако за тоа придонесоа и убавите вести од Киев, каде што младите постигнаа уште еден одличен резултат, потврдувајќи дека следуваат подобри времиња за македонскиот фудбал.
Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Азербејџан ќе се одигра утре во 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Прекинат вториот контролен меч на македонските кошаркари со Словачка