Информации и можности за сите македонски студенти, туристи и инвеститори за сите поволности што ги нуди Австралија – денеска во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје за првпат се одржува саемот „Австралија експо“, кој предизвика огромна посетеност и интерес од македонските граѓани.
Посетителите на „Австралија експо“ добиваат детални и целосни информации од областа на студирање, патување и инвестирање во Австралија.
- Соработката помеѓу Македонија и Австралија се темели на долгогодишни и стабилни основи традиции и самата реализација на Австралија Експо придонесе за уште полојална и позитивна соработка помеѓу овие земји. Пред да се реализира настанот имавме очекувања дека „Австралија експо“ ќе биде проследен со голема посетеност, но сепак присуството на регистрираните учесници ги вивна нашите очекувања на многу повисоко ниво и на наше големо задоволство ги остваруваме максимално претходно поставените цели. Се надевам дека реализацијата на „Австралија експо“ им овозможува дополнителна информираност на граѓаните за сите поволности што ги нуди Австралија од областа на студирање, патување и инвестирање. Исто така, би било големо задоволство доколку ваквиот настан прерасне во годишна традиција во рамките на нашата држава и континуирано да бележи ваква огромна посетеност и заинтересираност кај македонските граѓани. Би сакал да се заблагодарам на поддршката која што ја добивам од конзултатот на Австралија во Република Македонија – изјави Дејан Трајковски, oрганизатор на „Австралија експо“.
Македонските граѓани ќе имаат можност да се стекнат со огромна база на информации за тоа какви се условите за добивање на стипендија од горенаведените училишта, која локација во Австралија би била најповолна како туристичка дестинација од соништата, во кој сектор и на кој начин можат македонските инвеститори да инвестираат и како би можеле да се добијат спонзорирани визи. Се согледува дека посетеноста и интересот се во максимални рамки и тоа воедно докажува дека цврсто се поставени темелите на настанот од ваков вид и дека има голем оптимизам и ентузијазам за продолжување на ваквата традиција секоја година и пошироко на Балканот.
- Успешноста во реализацијата на „Австралија експо“ се одвива со огромен интерес и масовност од страна на македонските граѓани и сето тоа резултира со наша максимална сатисфакција, бидејќи самиот настан придонесува дополнително зацврстување на веќе постоечката стабилна соработка помеѓу една од шесте сојузни држави во Австралија, државата Викторија и Македонија. Бизнис климата во Австралија нуди многубројни поволности за сите потенцијални инвеститори од Македонија кои ќе имаат одлична можност на денешниот саем да добијат многу повеќе информации и иновативни можности. Овој саем ги концентрира сите информации на едно место така што на полесен начин ќе ги дознаете целосно и дeтално процедурите за соработка со партнери во Австралија или основање на нов бизнис – изјави Зејн Ребоња, претставник на Австралиската влада на Викторија.
„Австралија експо“ ќе биде отворен во хотел Мериот до 20:00 часот вечерва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.