Со два гола во финишот во режија на Видал и Маркизио, Јувентус го доби градското дерби со Торино и се доближи на само еден бод до новата титула. Во 86. минута чиеланскиот репрезентативец Видал со силен удар од далечина го изненади Жиле и донесе предност за „Старата дама“. Во судиското продолжение Маркизио само ја потврди победата за славје во „црно-белиот“ табор.
Јувентус ја задржа предноста од 11 бода пред Наполи на 4 кола до крајот на Серија А.
Уверливи победи во битката за обезбедување европски настап идната сезона, забележаа Рома и Фиорентина. Римската волчица со 4-0 ја декласира Сиена со 4-0, во меч во кој Освалдо даде 3 гола.
Фиорентина игра одлично цела сезона, а попладнево и одржа фудбалска лекција на Сампдорија во Џенова и победи со 3-0. Квардадо, Љајиќ и Аквилани погодија по еднаш за „виолетовите“.
Резултати, 34. коло: Торино – Јувентус 0-2, Рома – Сиена 4-0, Сампдорија – Фиорентина 0-3, Палермо – Интер 1-0, Киево – Џенова 0-1, Парма – Лацио 0-0, Аталанта – Болоња 1-1, Калјари – Удинезе 0-1, Пескара – Наполи 0-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


