Тежок инцидент фрли сенка на одбраната на шампионската титула во кошаркарското првенство на Македонија. Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани шампионската титула откако во финалната серија од плејофот го совлада Куманово со 3-1. Четвртиот финален натпревар МЗТ го реши во своја корист со 90-88.
Натпреварот заврши без присутво на гледачи откако имаше прекин во третиот период. За МЗТ Скопје е петта последователна титула првак на Македонија.
Најефикасен на натпреварот беше Ѓорѓе Дреновац од МЗТ Скопје со 25 поени, додека кај Куманово Александар Косотоски и Бојан Трајковски постигнаа по 23.
Дуелот беше во прекин околу еден час откако во третиот период (4:28 минути до крајот на четвртината) домашните навивачи незадоволни од судиската одлука почнаа да фрлаат тврди предмети на теренот кон судиите и гостинскиот тим. Потоа официјалните лица бараа салата да се испразни за да продолжи натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)
-
Инцидент на средбата Трамп-Путин (ВИДЕО)