| четврток, 6 декември 2018 |

Беше најубавата жена во Југославија, а тогаш една фотографија ѝ го сруши светот

Велат дека Југославија немала поубава мисица од Бернарда Маровт, која во 1983 година на изборот за Мис на светот ја претставувала поранешна Југославија. Таа не успеала да дојде до победата, иако многумина сметале дека ја заслужила, а за се` е виновна една провокативна фотографија.

Разголената слика од Бернарда, инаку по потекло Словенка, осамнала во британски „Daily Mirror”, неколку дена пред натпреварувањето кое таа година се одржувало во Лондон.

a40d0db0d8403bfefb2610c5cf5cd57e

Сите кои ја виделе велат дека била убедливо најубава, најелегантна и најдобро облечена девојка таа година, но сепак не ја понела круната – се шпекулирало дека сето тоа го предизвикала Џулија Морли, шефот на лондонскиот избор за Мис, на која не ѝ одело во прилог да победи Југословенката.

Но, како и да е, разголените фотографии можеби ѝ ја симнале круната, но ѝ донеле голема слава. На истото натпреварување била прогласена за Мис фотогеничност и продолжила со одлична кариера во Загреб и Љубљана.

40711edb4996300e9b5376fc540fdb31

После изборот за Мис нејзината кариера продолжила да се движи по нагорна линија. Се зборува дека мажите не можеле а да не се свртат кога таа ќе поминела на улица а во 1990 година била прогласена за топ – модел на Италија,во 1992 година за топ – модел на Европа, а во 2000 година била прогласена за најубавата Словенка за 20 век.

На врвот од кариерата заработувала и по 3.000 долари по реклама и ја споредувале со Мадона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top