Деветкратниот шампион на Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал се повлече од годинашново Отворено првенство на Франција, поради повреда на зглобот на левата рака.
На вонредната прес-конференција Надал го потврди повлекувањето поради повредата, која го мачи подолг временски период.
– Вчера примив инјекција против болки и така настапував. Знам дека нема да можам да го завршам турнирот во оваа состојба. Постоеше опасност да добијам скршеница ако продолжам да играм. Операција не е потребна и се надевам дека ќе бидам подготвен за Вимблдон – изјави Надал.
Шпанецот, кој беше четврти носител на турнирот, во првите две кола на убедлив начин стигна до победите на Сем Грот и Факунд Бањис, но го предаде мечот на сонародникот Марсел Гранољерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.