Една жена загина, а 12 други лица се повредени откако избувал пожар во автобус во северна Албанија, соопшти денеска албанската полиција.
Пожарот избувнал кога автобусот се наоѓал во градот Круја, на 35 километри од Тирана.
Автобусот превезувал 30 христијански верници, кои се враќале од југозападниот пристаништен град Валона, каде го посетиле дворецот на албанскиот национален херој Скендербег.
Полицијата посочи дека причината за пожарот се уште не е позната
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.