| четврток, 6 декември 2018 |

Кака се враќа во составот на Бразил, Даглас Коста ја пропушта Копа Америка

karlos dunga

Селекторот на Бразил, Карлос Дунга, е принуден на рокади во составот на „кариоките“ непосредно пред Копа Америка откако Даглас Коста отпадна од комбинација за настап на ова натпреварување. Фудбалерот на Баерн Минхен заработил повреда на мускулот на левата нога поради што Дунга реши воопшто да не ризикува со него. Дополнително на негово место е повикан долгогодишниот бразилски репрезентативец Рикардо Кака, кој ќе има можност да настапи на уште едно големо натпреварување за својата национална селекција.

– Рикардо Кака е повикан во составот на Бразил за Копа Америка по повредата на Даглас Коста. Тој ќе им се приклучи на репрезентативните колеги в петок, што значи дека ќе го пропушти претстојниот натпревар од МЛС-лигата – соопштија од Орландо сити, клубот за кој  настапува Кака во МЛС.

Овој 34-годишен фудбалер има 91 настап за „кариоките“ по дебито во 2002 година, притоа постигнувајќи 29 погодоци.

Бразил е дел од групата Б на Копа Америка, заедно со селекциите на Хаити, Перу и на Еквадор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top