| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе ги терасите и дворовите за уживање

ureduvanje dvor

Доколку имате двор, сигурно имате безброј идеи како да го уредите, а и простор за маневар. Оние кои живеат во станови, мораат да се задоволат со тераса или балкон, но нивната креативност секако може да се истакне и во овој тесен и ограничен простор. Убавото време, зеленилото и шаренилото се одлика на убавите пролетни денови кои можат да ве мотивираат да се впуштите во креативна авантура на неколку квадратни метри. Дури и да трае пролетта само неколку дена пред да започнат горештините, подгответе ги терасите и балконите за малку уживање.

Двор

terasa dvor

Она со што можете да започнете е тревникот.

dvor paleti

Доколку имате среќа тревата во дворот да е убава и зелена, одржувајте ја и косете ја. Ако не е доволно свежа за вашиот вкус, можете да се обидете да за замените со вештака трева или со теписи за надворешна употреба или декинг, односно дрвена подлога.

terasa balkon

Доколку сакате да го украсите дворот со природни материјали, користете камен, чакал, а можете да се одлучите и за бетонски плочи. Одлична е идејата и да се комбинираат за да добиете мозаик. Неизбежно е да имате и цветно катче, кое можете да го уредите и со саксии во кои ќе засадите цвеќе по вкус или зачински билки.

evtini idei za ureduvanje na terasa dvor

Наместо купечки саксии, импровизирајте со нешто што веќе ви се наоѓа дома: стари гуми, палети, дрвени сандаци, буриња. Просторот можете да го разубавите и со декоративни предмети наменети за дворови и градини, светилки, фигури и други наменски производи.

polici za terasi i dvorovi

Ако имате простор, поставете декоративно базенче или фонтана и ќе добиете двор од бајките.

Тераси и балкони

Ако живеете во стан, вашата тераса или балкон може да блесне во магичен сјај ако ја визуализирате креативноста. За пејзажно уредување на просторот ваши први сојузници се билките и декоративните предмети кои ќе придонесат просторот да стане поатрактивен. Користете билки кои не се високи.

terasa bakon dvor

Така ќе ги заштитите од сонце и ветар, а и ќе им биде попријатно, затоа што се во тесен простор. Се препорачува да се комбинираат портокалови и црвени рози. Доколку живеете на приземје или на први кат, засадете цвеќе со цветови во понежни нијанси и со поситен цвет, а оние на повисоките катови треба да го сторат спротивното. Одлична идеја за украсување на тесниот простор на терасите се ориентални или индиски детали во живи бои, перничиња и слично.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top