| четврток, 6 декември 2018 |

Радиологија: Пациентот што го предизвика инцидентот немал закажан преглед во „Мој термин“

ради

ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија – Скопје соопшти дека И.И., кoj вчера го предизвика инцидентот во таа јавна здравствена установа, тој ден немал закажан преглед во Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“.

Пациентот, стои во соопштението, веќе бил снимен во Клиниката, а вчера требало да се изврши дополнително снимање на барање на докторот заради уточнување на дијагнозата.

Од Клиниката информираат дека додека чекал пациентот да биде извршено доснимување, во тој период се вршеле прегледи на веќе закажани пациенти. Во истиот момент доаѓал болничар од шок соба за закажување на итен болнички пациент, па лицето И.И. мислел дека ќе биде внесен дополнителен пациент, по што насилно се нафрлил врз болничарот, а технологот се обидел да ги оддели, при што и тој бил нападнат. На тоа реагирало клиничкото обезбедување, а потоа и полицијата, стои во соопштението од Клиниката за радиологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top