| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето кои го окупираа СЈО се длабоко партиски мотивирани да му помогнат на СДСМ, а да ѝ наштетат на ВМРО-ДПМНЕ

gruevski_za_intervju_-_02

Од авион се гледа дека луѓето кои ја окупираа оваа институција, Специјалното јавно обвинителство, се длабоко партиски мотивирани да му помогнат на СДСМ, а да ѝ наштетат на ВМРО-ДПМНЕ. Во отсуство на докази против луѓето кои ги поставиле како политичка цел за уништување и елиминација, се обидуваат да изнудат лажни изјави на сведоци, се обидуваат со заплашувања и закани да обезбедат заштитни сведоци, луѓе кои најпрвин ќе ги преплашат, па ќе им понудат соработка, а за возврат нема да ги гонат.

Не може професионалци да помислат да си дозволат кај Едмонд Темелко или кај кого било да влезат дома без судски налог. И кога сме кај Темелко, СЈО бараше притвор за овој човек и е преокупирано со лишување од слобода на некој директор на подрачно училиште или полицаец кој наводно незгодно навредил некого, а, од друга страна, Верушевски, за кого постојат силни и цврсти докази за неговата улога во процесите, го ослободија од притвор, за каков професионализам зборуваме тука, вели Груевски.

Не може на прес-конференција да објавуваат имиња или соодветно да опишат некоја личност без име, а на цела држава да ѝ е јасно која е личноста, без елементарен доказ против неа. Илифразата „партија на власт“, демек не ја споменале ВМРО-ДПМНЕ, а сите знаат дека периодот за кој имаат надлежност да испитуваат е токму периодот кога оваа партија е на власт.

На пример, фразата „една поранешна министерка за внатрешни работи“ не може да се однесува на никој друг, бидејќи само една жена ја извршувала таа функција во време кога имаат надлежност да испитуваат. Значи, луѓето тргнуваат со силна омраза кон нас, со желба некому да му наштетат на угледот, политички да го елиминираат, набедат и оцрнат. Без судска пресуда. Тргнуваат како политички противници, а не како независни обвинители.

Specijalno obvinitelstvo katica janeva lence fetai (23) (Custom)

Специјалното јавно обвинителство, коментира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во мегаинтервјуто за Телеграф, зема за цел некој политичар, и ако сведоците не прифатат да сведочат против него, а тоа значи лажно во случаите кога нема дело, создава ситуација со тоа што ги обвинува самите сведоци.

Тој го споредува начинот на кој функционира работата на Специјалното обвинителство и грубите методи со кои обвинителите се обидуваат да добијат признание од сведоците со начинот на работа на УДБА во 1949 година во Македонија.

Повикуваат некого во својство на сведок и му се закануваат дека ако не го потврди она што наумиле да го докажат како вистина, иако е невистина, ќе добие затвор од 10 или повеќе години, а кога ќе излезе, нема да си ги препознае децата. Тоа, коментира Груевски, не е ништо друго освен груба злоупотреба на функцијата, злоупотреба на институцијата и на функцијата и не е случајно што дел од сведоците поднесоа кривични пријави кон некои луѓе од СЈО.

За оваа екипа во СЈО, во немоќ да ги оправда парите што ги троши, се зборува дека има ултрависоки примања од по 2.500 до 3.000 евра месечни плати заедно со додатоците, во немоќ да му помогне на СДСМ преку наше оцрнување и бламирање пред јавноста, веќе го загуби компасот на своето дејствување, и целосно ја загуби и нашата доверба и довербата на мнозинството граѓани во земјата. Тие ја издевалвираа институцијата СЈО.

Груевски прашува како да верува некој во тие луѓе, за кои сите мислевме дека ќе се непристрасни и неутрални и додава дека раководни лица во институциите постојано се под пристисок и закани од страна на обвинителите на Специјалнто јавно обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top