| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во немоќ да му помогне на СДСМ, СЈО ги загуби компасот и довербата

gruevski_za_intervju_-_02

Специјалното јавно обвинитекство, коментира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во мегаинтервјуто за Телеграф, зема за цел некој политичар, и ако сведоците не прифатат да сведочат против него, а тоа значи лажно во случаите кога нема дело, создава ситуација со тоа што ги обвинува самите сведоци.

Тој го опишува начинот на кој функционира работата на Специјалното обвинителство и грубите методи со кои обвинителите се обидуваат да добијат признание од сведоците.

Повикуваат некого во својство на сведок и му се закануваат дека ако не го потврди она што наумиле да го докажат како вистина, иако е невистина, ќе добие затвор од 10 или повеќе години, а кога ќе излезе, нема да си ги препознае децата. Тоа, коментира Груевски, не е ништо друго освен груба злоупотреба на функцијата, злоупотреба на институцијата и на функцијата и не е случајно што дел од сведоците поднесоа кривични пријави кон некои луѓе од СЈО.

За оваа екипа во СЈО, во немоќ да ги оправда парите што ги троши, се зборува дека има ултрависоки примања од по 2.500 до 3.000 евра месечни плати заедно со додатоците, во немоќ да му помогне на СДСМ преку наше оцрнување и бламирање пред јавноста, веќе го загуби компасот на своето дејствување, и целосно ја загуби и нашата доверба и довербата на мнозинството граѓани во земјата. Тие ја издевалвираа институцијата СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top