| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле: Aко Британија ја напушти ЕУ ќе добие тежок удар

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди денеска дека на Велика Британија ќе го претрпи најголемиот удар ако британските гласачи се определат за напуштање на ЕУ на референдумот во јуни.

104051427-57737

Шојбле објасни дека не е можно да прецизира што би се случило среднорочно и долгорочно во случај ако се надмине бројот на гласови во корист на напуштање на Унијата, но истакна дека таквиот резултат би и нанел огромна штета на Европа.

Според неговите зборови, гласањето за излез на Велика Британија од ЕУ би можело да и наштети и на глобалната економија.

– Но мислам дека тоа најмногу ќе им се одрази на самите Британци и затоа Британците мора да донесат одлука, порача германскиот министер за финансии, додавајќи дека „светот нема да се урне денот по британскиот референдум“.

– Ќе продолжи да се врти, ќе видиме што ќе се случува понатаму и ќе ја почитуваме нивната одлука, нагласи Шојбле, но сепак порача: „Внатре е внатре, а надвор е надвор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top