| четврток, 6 декември 2018 |

Брат му на Тачи бил српски шпион

gani taci

Постариот брат на косовскиот премиер Хашим Тачи бил соработник на Службата за државна безбедност на Југославија во осумдесеттите години, пишува српски Курир.

Како што тврди соговорникот  неговата улога била да помага во сузбивањето на демонстрациите на Албанците во Косово, а соработката се проширила по распадот на Југославија.

Албанските медиуми долго време го обвинуваа Гани Тачи дека работел за државната безбедност на Србија. Се тврдело дека постојат и транскрипти кои докажуваат дека Гани Тачи издавал информации за  Ослободителната војска на Косово и за семејството Јашари во 1997. и 1998. година.

Дел од приштинските медиуми тврдеа дека Гани Тачи продолжил да работи за српската тајна служба и после 2000. година, па дури и се тврдеше дека информациите од Косовската разузнавачка служба прво доаѓале во Белград, па дури потоа во Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top