Над 1 милион Македонци летуваат во Грција – објаснија лани за Канал 5 од асоцијацијата на грчки туристички организации, но ниеден од овие не е заведен во евиденцијата на заводот за статистика на Грција. Па така, во официјалниот извештај за 2012та на надлежниот грчки орган, Македонија не фигурира никаде.
Канал 5 ги контактираше одговорните, кои го спровеле истражувањето за потребите на банката на Грција, и побара одговор зошто Македонија ја нема во табелите. Ни рекоа дека станува збор за мала земја и е вклучена во графата „останати земји“, исто како и Босна и Хрватска на пример. На нашиот коментар дека сепак станува збор за соседна земја од која секојдневно има наплив на посети, ни рекоа дека тие само ги користеле податоците добиени од грчкиот завод за статистика. Наспроти ова, генерален директор на асоцијацијата на грчки туристички организации во ланското интервју за канал 5 отворено говореше за нашинците кои го “окупираат“ Егејското море, велејќи дека има повеќе од 1 милион и 100 илјади пристигнувања од Македонија
Според податоците,пак, од сојузот на хотелиери од Солун, Македонија е една од земјите кои во текот на 2012та забележува значителен пораст и тоа за 14,47% и се наоѓа на 12то место во делот посветен на земји кои лани за разлика од преклани престојувале во поголем број во Солун, односно бројката на ноќевања достигнала 13.272. Додека пак во делот меѓу 20 земји со најголем број ноќевања во Солун, Македонија е на 15то место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција