| четврток, 6 декември 2018 |

Путин за „Катимерини“: Неопходно е обединување од Атлантикот до Пацификот

putin-neobhodimo-e-obedinenie-ot-atlantika-do-tihiq-okean-377287

Рускиот претседател Владимир Путин, повика на создавање зона за економска и хуманитарна соработка од Атлантски до Тихи Океан.

Претседателот на територијално најголемата земја во светот напиша статија за атинскиот весник „Катимерини“, објавена во пресрет на неговата дводневна посета на Грција, која почнува утре.

– Создавање на такво обединување ќе биде многу важен чекор во процесот на усогласувањена европските и на евроазиските интегративни процеси – истакна тој.

Според Путин работата на оваа компонента е особено важна во моментот кога Европа се соочува со силна конкуренција од страна на економиите од други региони на светот (САД, Латинска Америка, Далечниот Исток).

– Очигледно е дека стариот континент треба да го заземе своето достојно место во менувањето на светот. Тоа може да се случи со заеднички напори на сите земји од Пацификот до Атлантикот – додаде тој.

Претседателот на Русија, исто така, истакна дека меѓу Брисел и Москва нема непремостливи контроверзии.

– За да се вратиме на мултиетничката соработка, ние мора да ја заборавиме лошата практика и да ги следиме сопствените интереси – напиша уште Путин.

Тој додаде дека во оваа фаза не гледа сигнали од ЕУ за подобрување на односите меѓу 28. земји и земјата што ја предводи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top