Дванаесет вработени во „Телма“, со одлука на раководството, утрово се прогласени за технолошки вишок. Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска-Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата.
Во писменото известување било наведено дека одлуката е донесена заради намалување на трошоците.
Денеска Синдикатот на вработените на „Телма“ очекува да има средба со раководството за да може да добие подетални информации за одлуката, по што ќе излезе и со став во јавноста.
Одлуката на раководството предизвикала шок во „Телма“ поради фактот што за технолошки вишок се прогласуваат новинари кои се носители на дејноста и коишто се со неколкудецениско искуство.
Неофицијално, Синдикатот ќе бара на овие луѓе да им биде понудено друго работно место во телевизијата за да може, како што велат, нивниот капацитет да се искористи во „Телма“.
Од Независниот синдикат на новинари и медиумски работници велат дека не биле консултирани за одлуката и најавуваат дека во текот на денот очекуваат средба со раководството на телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двојни аршини: Марин избегал од дебата а од Телма не му дале можност на Коневски да гостува сам
-
Груевски: Народот 60 дена протестираше мирно, провокациите на СДСМ придонесоа да се случи она синоќа (ВИДЕО)
-
Скандал во утринската на Канал 5: Дрска водителка навредува јавувачи (ВИДЕО)
-
Милошоски: Зошто СДСМ ја прифати Платформата и зошто не кажува што содржи тој договор