Претседателот на САД, Барак Обама, веќе изјави дека планира да остане во Вашингтон, откако ќе ја напушти Белата куќа во јануари следната година.
Главната причина за ова е дека Саша, помалата ќерка на Обама, сеуште не го завршила образованието.
Потсетуваме дека Малија, поголемата ќерка на семејството, од есен оваа година ќе учи на Харвард.
Според „MarketWatch“ семејството Обама веќе го избрале својот иден дом каде ќе се пресели од почетокот на 2017 година. Куќата располага со девет спални, осум бањи, изградена е во 1928 година, има 762 метри квадратни и се наоѓа во близина на училиштето на Саша.
Актуелниот сопственик имотот го купува во 2014 година, за сума од 5.3 милиони долари. Податоци на „Redfin“ сепак покажуваат дека неговата вредност во моментов е околу 6.3 милиони долари.
Погледнете фотографии од идниот дом на семејството Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.