НВО, кои се финансирани главно од фирмите на Сорос и од некои други странски извори, имаат континуитет во своето работење и кога има и кога нема протести. Во периодите кога нема протести, држат јавни дебати против активностите и проектите на Владата, држат прес-конференции, гостуваат во телевизиски и радиоемисии, организираат т.н. пленуми од различен вид, им се вршат разни тренинзи за сето тоа.
Тренинзите најчесто ги вршат највидните лица на организациите на Сорос, кои често крајно секташки се однесуваат на предавањата и имаат обиди за врбување млади и перспективни луѓе. Целта им е да ги индоктринираат, притоа давајќи им пари и многу бесплатни патувања, што е и главниот мотив да доаѓаат на тие предавања и обиди за перење на мозокот. Оние што по некое време нема да им ја прифатат играта, кои нема да подлегнат на индоктринацијата, се информираат веќе да не доаѓаат, за парите да продолжат да ги инвестираат во други, од кои ќе имаат ефект, ја разоткрива Груевски шемата по која системски работат невладините организации под закрила на Сорос.
Кога ќе речам „секташко однесување“, мислам на конкретен настан од 2009 годна, вели Груевски и наведува пример кога сите учесници на трибина требало во хор да повторуваат: „Оваа Влада не чини!“.
Говорејќи против политиките на Владата, побарале секој од присутните да се качи на маса и да скокне и да ја гази програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Тотално лудо!
Тој искажува загриженост, бидејќи, како што вели во интервјуто, не се сите методи вакви, имаат и пософистицирани.
Слушателите одат на предавањата, затоа што знаат дека со сигурност ќе добијат пари, најчесто во некоја многу лесна форма, на пример давање некоја идеја, одржување некое предавање пред група студенти или слично. Голем дел од нив не подлегнуваат на индоктринацијата, но им требаат пари и слушаат и молчат. Некои од тие слушатели ми рекоа дека оделе на предавањата само заради парите, кои во тој момент им биле многу потребни, но се гаделе од она што го слушале и го гледале.
Во 2009 година во екот на владината кампања „Ти си Македонија“, едена од основните лекции била да ги убеди слушателите дека „Ти не си Македонија“ и дека никој во оваа земја не треба да се идентификува со местото и државата на раѓање и живеење, туку да се чувствува исклучиво како човек на планетата Земја. Да нема никакво различно чувство за својот народ, традиција, историја и за својата земја во однос на која било друга.
Директна индоктринација младите луѓе да не ја чувствуваат Македонија како своја држава. И не ме чуди што денес без ниту малку совест некои млади луѓе ги сквернават спомениците на македонските херои кои ги положиле животите за денешните слобода и држава, вели Греувски.
Истите тие предавачи и слушатели имаат задача да гостуваат по емисии и најжестоко да ги напаѓаат Владата и ВМРО-ДПМНЕ, да пишуваат колумни, некои од нив да бидат новинари или да водат некои емисии или портали, или пленуми, или протести, јавни дебати, да пишуваат негативно насекаде надвор од земјата против нас, да испраќаат илјадници писма и имејлови со оцрнување на Владата, да даваат изјави за странски медиуми или странски аналитичари, да ги дружат и убедуваат дека во нашата земја нема слобода и демократија, за потоа истите да го шират тоа, објаснува Груевски како Соросовите платеници работат во светот против Македонија, земјата која и онака не ја чувствуваат за своја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација