| четврток, 6 декември 2018 |

Упорно тврдат дека нема демократија и слобода, а не се симнати од медиумите, протестираат и уништуваат државен имот

gruevski_za_intervju_-_04

Зборуваат дека нема доволно демократија и слобода, а истовремено не се симнати од медиумите. Кога ние бевме опозиција, се боревме некој медиум да ни дојде на прес-конференција, а понекогаш не доаѓаше ниту еден. Или, пак, ќе дојдеа неколку, но ниту еден медиум во земјата немаше да ја објави прес-конференцијата, коментира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во мега интервјуто за Телеграф.

Груевски вели дека опозицијата секогаш има дозвола за прогон на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ за да го забави враќањето на довербата на гласачкото тело кон ВМРО-ДПМНЕ.

Оние што непристрасно ги следат работите, знаат дека секогаш во време на СДСМ имаме помалку демократија и слобода, ама тогаш тоа не е тема. Демократија и слобода е тема само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, вели Греувски и додава дека СДСМ најмногу го боли „Скопје 2014“, затоа што е огледало на нивното неработење.

skopje04-640x477

Протестираат непречено со недели, уништуваат и оштетуваат државен имот, сквернават споменици на најзначајните личности од историјата, бојадисуваат објекти, меѓу кои има и такви што не се дел од „Скопје 2014“, големата болка на СДСМ, нивното огледало на неработењето во времето кога имаа доверба од мнозинството граѓани и беа на власт.

Земјата има огромен број медиуми, секој  може сѐ да каже и да критикува без какви било последици по него. И тоа се случува секој ден, секој час, цела година, со години во целиот наш мандат.

Но, како и да е, и покрај тоа што потполно е јасно дека демократија има, и тоа многу, ние ќе работиме да има уште повеќе демократија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top