Јулија Тимошенко нема да биде помилувана. Комисијата за помилување при Претседателот на Украина не гледа причина да поднесе предлог за помилување на поранешниот премиер Јулија Тимошенко. Членовите на Комисијата одлучиле дека прашањето за помилување на поранешниот премиер е предвремено бидејќи „истрагата против Тимошенко за извршување на тешки и особено тешки злосторства сè уште не е завршена и судот не постапил по нив“.
Комисијата исто така зела предвид дека Тимошенко „отслужила само незначителен дел од казната“ – седум години лишување од слобода во случајот за злоупотреба на службената положба во врска со склучениот договор за гас со Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


