Врнежите оваа пролет и надојдените реки го кренаа нивото на Охридското Езеро. Хидролошката ситуација е позитивна, што поволно ќе влијае и на производството на електрична енергија, бидејќи Охридското Езеро се’ уште се користи како акумулација која се регулира преку реката Дрим, пренесе Охридњуз.
Ветрот кој дуваше денеска го разбранува езерото. Брановите го заплискуваа кејот, па ретки беа минувачите кои се двиежеа покрај брегот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.