Таксист од Скопје синоќа е нападнат од неколку маскирани лица на улицата „Мирче Ацев“. Напаѓачите излегле од две возила и почнале да го удираат со тупаници додека таксистот седел во неговото возило.
Инцидентот се случил во 3:15 часот по полноќ. Триесет и тригодишниот таксист Ф.Д. првично бил нападнат преку прозорецот на возилото по што напаѓачите го извадиле надвор, а еден од нив со метална шипка почнал да удира по возилото. По нападот сторителите влегле во возилата и побегнале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.