Капитенот на Милан и репрезентативец на Италија,Рикардо Монтоливо, го продолжи договорот со „росонерите“ за дополнителни три години. Оваа вест е потврдена и на официјалната страна на клубот. Покрај него, и Лука Антонели и Давиде Калабрија потпишаа нови договори со важност до јуни 2019 година.
Монтоливо дојде на „Сан сиро“ од Фиорентина пред четири сезони и досега одигра 119 натпревари, постигнувајќи седум гола во дресот на Милан. Сепак, фановите на клубот не го прифатија најдобро и тој многу често е цел на свирежи од трибините. Но, раководството верува во неговите квалитети и му понуди нова тригодишна соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим