| четврток, 6 декември 2018 |

Просто неверојатно – Цеца и синот на Аркан се смирија!

ceca

Аркановиот син, Воин Ражнатовиќ, до скоро својски се трудеше да и го загорчи животот на Цеца. Тој речиси секојдневно на својата Фејсбук страница  објавуваше статуси и фотографии со кои ја навредува или повикува Цеца, а неговата омраза достигна врв, кога најави дека ќе објави книга за Цеца со наслов „Приказни за мојата маќеа – дека крадев, крадев!“

Воин веќе објави книга за Аркан под наслов „Приказни за мојот татко“, а до неодамна тврдеше дека и Цеца ќе се најде на листатата хероини во неговите романи. Книгата требаше да излезе на 14 јуни годинава.
Сепак Воин нешто го натерало да го смени мислењето. Тој на својот профил објави дека таа книга нема да се печати.

-Ги молам медиумите и новинарите да не ме прозиваат за изјави по повод некој текст за маќеата кој излегол во Телеграф. Колку и да испаднала таа некоректна и неправедна кон мене и останатите деца на мојот татко, таа приказна за мене официјално е завршена. Максимално ја ценам својата приватност и искрено речено се одморив знаејќи дека веќе нема да наоѓам свои Фејсбук објави во дневните весници. А книгата „Приказните за мојата маќеа“ никогаш нема да ја види светлоста на денот бидејќи не би можел тоа да му го направам на Вељко, кој не е крив за овие неприлики. Ви благодарам на сите за разбирањето – напишал Воин.

Оваа изјава на Воин зачуди многумина кои под таа објава имаа низа прашања „Што ти се случило“, „Што стана одеднаш“. Меѓу коментарите се најде и еден кој гласи:„Дали некој ти се закани“. Дали Воин самоволно ја смени одлуката или под присила, останува да се види.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top