| четврток, 6 декември 2018 |

Живот поминат во заблуда: Кога дознал која му е мајка, Никлсон не сакал да дознае кој му е татко

-Татко е личност која е до тебе додека растеш, а не некој кој имаисти спирали во генетскиот код“ , остро изјавил Џек Николсон, кој кога дознал која му е мајката не сакал да ја истражува вистината за биолошкиот татко.

Jack Nicholson attends The Bucket List film premiere held at the Vue West End on January 23, 2008 in London, England. "The Bucket List" - London Premiere - Inside Arrivals Vue West End London, United Kingdom January 23, 2008 Photo by Jon Furniss/WireImage.com To license this image (15337566), contact WireImage.com

Како и поголем број на холивудски ѕвезди, славниот актер Џек Николсон не сака да зборува за приватниот живот. Но тука се луѓето од опкружувањето кои откриваат пикантни, лични детали, кои не може да се скријат од медиумите.

Една од најчудните приказни од животот на 79 годишниот актер датира од триесеттите години, однсоно од годините на неговото детство, а се однесува на неговото потекло.

Кога го дознаа ова, многумиина коментираа дека сето ова личи на шпанска серија.

Jack-and-June-Nich_1821825a

Џек е роден на 22 април 1937 година во близина на Њујорк, а се додека не наполнил година никој не ја знаел семејната тајна за потеклото на славниот актер, а самиот Николсон ја открил кога имал 37 години.

Излегло дека жената која цел живот ја сметал за сестра всушност била негова мајка.

Имено, Џун Френсис Николсон, мајката на Џек, се занимавала со танц во тетар и размислувала за блескава кариера на штиците кои живот значат. Меѓутоа, судбината имала друг план – останала бремена со колега Доналд Фуцил, а потоа се омажила за него во 1936 година.

jyp203akfryckni9vxmk

Меѓутоа Џун потоа дознала дека Доналд е веќе оженет, па бракот набрзо бил поништен, а нејзината мајка Етел Николсон ја презема грижата за штотуку родениот Џек, за да Џун може да ја продолжи кариерата. Така актерот од раното детство живеел со уверување дека бабата и дедото му се родители, а дека Џун му е постара сестра.

-Татко е личност која е до тебе додека растеш, а не некој кој имаисти спирали во генетскиот код“, истакнал актерот кој одбил ДНК анализа, објаснувајќи дека својот дедо секогаш ќе го смета за својот татко.

Иако Џек не сакал да ја истражува вистината за својот биолошки татко и сето тоа воопшто не го занимало, се појави  верзија дека тоа би можел да биде човекот по име Еди Кинг, кој бил упреавител на театарот во времето кога Џун таму работела.

Џун починала во 1975 година пред  Џек да ја дознае вистината и вистината за неговиот татко ја понесе во гроб, а приказната ја раскажала Лорена, жената за која Николсон верувал дека му е втората сестра, а всушност му била тетка по мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top