| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки ја одбранија титулата

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (20) (Custom)

На едно коло пред крајот на сезоната, ЖРК Вардар и официјално ја потврди шампионската титула. „Вардарки“ попладнево убедливо со 45-24 ја совладаа екипата на Металург, откако го одиграа заостанатиот натпревар од 4. коло.

Ова е четврта последователна титула за ЖРК Вардар од 2013 година. Со оваа победа во салата „Автокоманда“ актуелниот шампион на Македонија и официјално ја одбрани титулата.

Најефикасни беа Барбара Лазовиќ со 7 и Андреа Пенезиќ со 6 гола. Кај Металург, Марија Николиќ постигна 7 гола.

До крајот на првенството Вардар и Металург ќе одиграат уште еден натпревар, овој пат во СЦ „Јане Сандански“ во четврток кога ќе им биде и врачен шампионскиот пехар на „црвено-црните“.

Табела:
1. Вардар 21 бода
2. Металург 15
3. Вардар јуниор 12
4. Куманово 3 (-1)
5. Пелистер 0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top