| четврток, 6 декември 2018 |

Марио Геце не размислува за трансфер, сака да се наметне кај новиот тренер Карло Анчелоти

mario gece

Фудалерот на Баерн Минхен, Марио Геце планира да остане на „Алијанц арена“ и следната сезона, иако за него интерес постои од неколку клубови, а Ливерпул беше тимот кој најмногу „гризеше“ за негов ангажман.

– Не размислувам на ниту еден друг клуб, освен на Баерн Минхен. Ќе сторам се од стартот да се наметнам на тренерот Карло Анчелоти, и да покажам дека вредам – истакна Геце.

Тој оваа сезона почесто беше на клупата за резервни играчи, отколку на теренот, и медиумите од Германија го најавуваа неговото заминување, но очигледно е дека тој не мисли така. И покрај малата минутажа, Геце доби повик од селекторот на Германија, Јоаким Лев за претстојното Европско првенство во Франција.

Интересно е што Геце своето мислење го промени истиот ден откако го смени својот менаџер, кој важеше за конфликтна личност во односите со управата на Баерн. Останува да се види дали баварците по ваквиот развој на настаните ќе му понудат на германскиот репрезентативец нов договор, со оглед на фактот дека актуелниот му истекува во јуни 2017, па доколку не потпише продолжување на соработката тој сигурно ќе биде продаден

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top