На Гала вечерата која во чест на светските лидери ја приредил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во рамки на Самитот во Истанбул, непријатност кај турските домаќини и кај македонската делегација предизвикала заедничката фамилијарна фотографија од Самитот на која претседателот Ѓорге Иванов е заведен како „Претседател на ПЈРМ“.
Непријатната ситуација, како што пренесуваат македонските известувачи од Самитот, ја решил лично претседателот Иванов.
Откако домаќините увиделе дека Иванов на заедничката фамилијарна фотографија од Самитот што е во организација на Обединетите нации, е заведен како „Претседател на ПЈРМ” тоа предизвикало непријатност, бидејќи и самите тие не очекувале такво нешто. Македонскиот претседател лично ја пречкртал привремената референца ПЈРМ, и над неа напишал Македонија и потоа го ставил својот потпис.
Турските домаќини изразиле жалење за оваа непријатност и со аплауз го дочекале ваквиот гест на македонскиот претседател, а поддршка за неговиот непосреден пристап искажале и дел од присутните лидери. Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, каде што учествува на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул, во организација на Обединетите нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.