| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн го напушта Кливленд?

lebron-james-cleveland-alone

Третиот најдобар кошаркар на сите времиња, според „ESPN“, можно е да ги напушти Кавалирс по втор пат, но само под еден услов.

Кливленд Кавалирс водат со 2-1 во финалната серија на источната конференција против Торонто Репторс.

До победата на Репторс во третиот меч од оваа серија, Леброн и неговите соиграчи имаа импозантни 10-0 во плејофот, поточно, не знаеја за пораз.

Репторс успеаја да ги совладаат, но нема сомнеж дека Кавс и понатаму е апсолутен фаворит за пласман во големото финале.

Доколку тоа се оствари, таму ќе ги чека или Голден Стејт, од кои изгубија во ланското финале, или Оклахома, која почна да игра во фантастична форма кога е најпотребно. Дурант, Вестбрук и компанија се на добар пат кон големото финале.

Како и да е, многу е реално Кливленд на крајот да го освојат „прстенот“, а што ќе се случи тогаш со Леброн?

Наводно, американскиот портал „NBC Sports“ ја протолкува изјавата на Џејмс „дека доаѓа назад за да ја врати титулата во Кливленд по прв пат после 1964 година“, како негово можно заминување од клубот откако ќе ја освои титулата.

Од порталот сметаат дека „Кралот“ ќе си замине доколку ја исполни својата цел и ја донесе титулата во Кливленд.

И претходно имаше шпекулации за неговото заминување од Охајо, кога Леброн пишуваше на Твитер дека сака да игра во ист тим со Двејн Вејд, Кармело Ентони и Крис Пол, па многумина уште тогаш претпоставуваа дека Џејмс уште еднаш ќе го „издаде“ Кливленд.

Тие приказни на крај, сепак, изгубија на вредност, но сега американските медиуми повторно ја „разгореа“ таа тема.

Колку има вистина во сето ова засега знае само Леброн, но добро е познато дека „каде има чад, таму има и огин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top