Рада Манојловиќ една од најпопуларните фолк пејачки во Србија, отворено прозборела за односите во нејзиното семејство, а посебно како и било кога таа и нејзината сестра Марија ја изгубиле нивната мајка, а само една година подоцна добиле маќеа.
На почетокот како што рекла Рада, спрема другата жена на нејзиниот татко чувствувала отпор и не можела да го прифати фактот дека нејзиниот татко е со друга.
Јас и сестра ми сме рзумни девојки. Нашата мајка ја нема 11 години, а Сузана е тука речиси 10. Кога дојде таа, за нас беше свежо и секогаш ќе биде. Без разлика како сме се чувствувале и колку ни било тешко, со текот на времето се навикнавме. Сфативме дека татко ми мора да има некој во животот и не можеме да го заробиме во самотија.
Немаме причина да ја мразиме и да бидеме лоши со неа. Не е таа виновна за некои лоши работи кои ни се случија. Одлично се сложуваме и со неа и со нејзините два сина, а има и внук со кој доста се дружиме. Мојата сестра е поблиска со него, отколку со мене.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.