Фудбалерот на Челзи, Сеск Фабрегас (29), ужива кога слободното време го поминува со своето семејство – партнерката Даниела Симан (41) и нивните две ќерки.
Нивната љубов се најде на насловните страници додека уште не беше ниту почната а денес, можат јавно да бидат заедно и вниманието го привлекуваат не со трачеви туку со својата убавина.
Згодната Даниела блескала во зелениот костим за капење, а нејзиниот 12 години помлад партнер ја следел во чекор. И поради години, но и поради разводот тие двајца привлекоа големо внимание во медиумите, но сепак ништо не можеше да застане на патот на нивната љубов.
Атрактивната двојка вниманието го привлече во 2013 година. Имено, тогаш Даниела го остави својот сопруг милионер и ја започна врската со 12 години помладиот фудбалер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.