Турската полиција попладнево евакуираше 134 патници и членови на екипажот од авион на „Туркиш Ерлајнс“ на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, поради сомнеж дека во леталото е поставена бомба.
Евакуацијата е спроведена откако на вратата од еден од тоалетите во авионот била пронајдена белешка на која стоело предупредување за поставена бомба.
Веднаш по евакуацијата на патниицте и членовите на екипажот, припадници на антитерористичката единица на турската полиција започнаа со проверка на леталото.
Авионот требало да полета од Истанбул кон градот Кајсери во централна Турција.
Ова не е прв случај за закана за поставена бомба во авион на „Туркиш Ерлајнс“, но сите досегашни се покажаа како лажни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.