| четврток, 6 декември 2018 |

„Златната палма“ од Кан на „Синедејс 2016“

Култниот британски режисер Кен Лоуч со неговиот последен филм „Јас, Даниел Блејк“ ќе се прикажува на 15. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс 2016“, инфмормираат од Младонскиот културен центар (МКЦ) кои се организатори на Фестивалот.

Оваа година „Синедејс 2016“ ќе се одржи од 10 до 20 ноември во кината „Милениум“, „Фросина“ и џебното кино во МКЦ.

– По „Високо друштво“ на Вуди Ален, ова е втората црешна за вас. Секако, а како поинаку, сета канска жештина, сите „нај остварувања“ од Кан, според критиката и публиката, ќе се ваши од 10 до 20 ноември. Еве, да не сме нефер кон вас и покрај нашиот „завет“, сета програма да ви ја обзнануваме пред вашиот „Синедејс“ само за вас, ќе откриеме, еве на пример, од Берлинскиот филмски фестивал ќе се сладите и на „АВЕ ЦЕЗАР“ на големите браќата Коен. За крај, што за крај?! Еве уште од сега со 100 отсто сигурност, како и секоја година ќе го имаме и венецискиот победник и Златниот лав од Венеција – велат од МКЦ.

Оттаму најавуваат дека годинава на „Синедејс 2016“ ќе се прикаже и последниот филм на Педро Алмодовар, „Хулиета“, кој беше прикажан во Кан.

– „Синедејс“ со сестринска и братска искрена љубов, апелира да се надминат „концепцсиските“ недорабирања и мрачните ветришта што дниве се надвиснати над нашиот најголем и најстар филмски фестивал „Браќа Манаки“. Нашиот апел е инициран од фактот, кој нели, кога говориме за браќата Милтон и Јанаки и нивната уметност, паметиме, никогаш немаа конфликти, хипокризија, меѓусебни обвинувања, подметнувања… за ним и творештвото им, не беше надлежен тогашниот битолски валија, ами уметноста, уметноста и само таа – се вели во соопштението од МКЦ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top