Валентино Роси излезе подоцна од своите конкуренти на патеката во квалификациската сесија, но сепак успеа да се избори за место во првиот ред на домашен терен. Доминацијата на квалификациите и подготовките за прва победа по 2008 година на Муџело паднаа во вода пораид технички проблеми. Машината на Јамаха откажа во осмиот круг, а легендарниот возач мораше трката да ја заврши предвреме.
– Бев многу брз и имав чувство дека можам да го нападнам Лоренцо. За жал, машината не издржа. Во шестиот круг мотоциклот почна да прави проблеми, квачилото не го одвои агрегатот од премостувачот и тоа веќе беа првите показатели за тоа што следеше. Голем срам е кога морате да ја предадете трката поради технички проблеми. Уште поболно е тоа што имаше одлична атмосфера. Победа на најдрагото место ми е сон во изминатите десет години – очекувано, разочаран е „Докторот“ од исходот на трката.
И покрај тоа што во моментов Јамаха ги има најбрзите возачи на гридот, сепак не успева да им го даде она најпотребното за победа – солидна машина. Лоренцо имаше проблеми од почетокот на викендот со мотоциклот, па на трката настапи со резервниот, додека Роси вторпат сезоанв ја доживува судбината да има проблеми со квачилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.