| четврток, 6 декември 2018 |

Четврти Саем за транспорт товарни возила

saem

Скопски саем од задутре до 28 овој месец ќе биде домаќин на четвртото издание на Саемот за транспорт ­ товарни возила.

На надворешен изложбен простор на Скопски саем, на изложбена површина од 2.500 метри квадратни ќе се претстават импортери на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила. ­

-Деловните посетители и граѓаните ќе може да видат брендови на импортери на товарни возила од светска класа, со влекачи, камиони, но и приклучни возила, односно приколки и полуприколки, како и доставни возила- соопшти денеска Скопски саем.

Преку овластени застапеници на Саемот ќе се претстават Шмиц Каргобул, Мерцедес бенз, Ивеко, ДАФ, Когел, Крон, Волво, Сканиа, Грејт вол, Мотоцентар. Партнер на манифестацијата ќе биде транспортната асоцијација СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ. Работното време на саемот ќе биде од 10 до 18 часот, а влезот за посета е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top