| четврток, 6 декември 2018 |

Како Јелена Ѓоковиќ му го честиташе роденденот на Ноле – домаќинка за пример!

jelena

Гордата сопруга Јелена Ѓоковиќ со задоволство ги засукала ракавите и направила торта за 29 роденден на својот маж, Новак.

јелена2

Јелена на својот Инстаграм профил постави фотографија од црвена торта во облик на срце со коментар:

-Среќен роденден, љубов моја!

Се разбира станува збор за исклучително здрава торта во која доминираат овошје и јаткасти плодови. Својот рецепт го сподели со своите фанови и инспирира многу домаќинки со својата кулинарска умешност.

jelena3

Рецепт:Зобено брашно со бадеми, индиски ореви, малку кокосов путер, кокосово масло, лешник, какао и бадем. Одозгора има малини и кокосов путер, а декорацијата ја сочинуваат дехидрирани јагоди и банани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top