Сопругата на еден од најдобрите тенисери во светот Јелена Ѓоковиќ, која е бремена, најверојатно со близнаци, се наоѓаше на трибините во Монте Карло за да го бодри Новак.
Тој одигра тежок меч протов Жил Симон, но на крајот успеа да победи. Но, се чини фоторепортерите овојпат беа преокупирани со Јелена, која, како што пишуваат странските медиуми, одлично изгледа и во својата втора бременост.
Новак и Јелена го имаат двегодишниот син Стефан.Семејството Ѓоковиќ живее во Монте Карло и нивниот дом се наоѓа во непосредна близина на тенискиот терен каде што се игра турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.