Првиот човек на Милан, Силвио Берлускони, изјави дека сѐ уште не е постигнат околу продажбата на клубот на кинески инвеститори.
Тој има намера во наредните три години да остане на оваа функција, но со тоа не се сложува другата страна. Неименувана кинеска компанија се стекна со есклузивното право да го откупи Милан до 15 јуни, но засега нема договор.
– Проблемот околу продажбата на Милан сум јас, бидејќи Кинезите сакаат да ме отпуштат кога ќе го направиме договорот. Сакам да има клаузула според која ќе бидам претседател уште три години, но тие не се сложуваат – изјави Берлускони.
Берлускони е прв човек на Милан од 1986 година и од тогаш освои осум титули во Серија А, пет во Лигата на шампионите, пет во ФА Купот, Купот на Италија, шест суперкупа на Италија и три ФИФА светски првенства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.