Во рамките на 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“ во Домот на култура „Илинден“, се одржа традиционалното Литературно матине за деца, при што учениците од Општина Илинден имаа несекојдневна можност да се дружат со дванаесетмина писатели за деца и млади кои се претставија со извадоци од своите дела.
Учениците со внимание ги следеа настапите на реномираните писатели Стојан Тарапуза, Перо Миленковски, Горјан Петревски, Славка Арсова, Наум Попески, Александар Поповски, Ксенија Маказиева Трајчева, Христо Петрески, Велко Неделковски, Вера Симовска, Ванчо Полазаревски и Александар Кујунџиски наградувајќи ги со бурни аплаузи.
Традиционално, и на ова 17-то Литературно матине за деца жири комисија составена од писатели за деца и млади, како и во изминатите години, ги избра најдобрите творби на учениците кои што учествуваа на конкурсот што го организираше Општина Илинден. Како што истакна претседателот на жири комисијата, писателот Перо Миленковски, комисијата била на вистински маки да одбере само 9 од пристигнатите 120 вистина квалитетни трудови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.