Платеничката револуција денес одмара, недела е ден за трошење на милионските хонорари…
Транспарент со ваква порака до фарбачите осамна денеска пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во центарот на Скопје. Истиот, многу веројатно претставува луцидна порака до шарените револуционери, за кои деновиве медиумите објавија дека се дебело платени за организација на протестите на опозицијата.
Десетици имиња на најгласните граѓански активисти во протестите на СДСМ се наоѓаат на платниот список на соросовите организации. Практично се работи за платени и дежурни демонстранти кои својот граѓански активизам дебело го наплатуваат.
Досега никој од нив не демантираше со аргументи. Од неколку илјади денари, па до неколку милиони. Соросовата мрежа не жалела пари во целта за рушење на демократска избрана власт. Токму таквата пирамида отвора сомнежи за брутална и отворена корупција, како и фингирање на цел еден граѓански сектор кој содржи освен бизнис и дебели политички причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.