Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ прв во Србија ќе го вози автомобилот БМВ и8. За ова преубаво спортско лимитирано издание на возилото одделил ни помалку ни повеќе туку 150 илјади евра. Со тоа Саша успеа да се надмине со оглед дека неодамна искеширал 67 илјади евра за Мерцедес ГЛЕ350.
Поповиќ го купил половниот модел и8 во „Баварија моторс“ кој се уште го нема на српскиот пазар.
-Саша одамна му фрли мерак на БМВ И8 чија цена се движи од 130 илјади евра па нагоре, но со оглед дека во Србија се уште не може да се купи не сакал да купува во странство. Но кога се појавил половен во „Баварија“ веднаш го капариса. Станува збор за нов модел, свртен кон иднината, со нестандардни врати кои се отвораат нагоре и кој има електромотор чија батерија се полни на струја“, открил за медиумите близок пријател на Поповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.