| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбал У-21: Македонија ги почна подготовките за дуелот со Украина

fudbal u 21Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска во Скопје го имаше првиот собир и тренинг за дуелот со Украина на гостински терен во квалификациите за Европското првенство.
Македонија во групата се наоѓа на третото место зад Франција и Исланд, а Украина е на 5.место.
Селекторот Благоја Милевски очекува тежок натпревар против силниот украински состав. Нови имиња  меѓу неговите избраници се Ељиф Елмаз од Работнички и Кристијан Филиповски од Силекс.
На првиот натпревар одигран во Скопје Македонија победи со 1:0.
Натпреварот Украина – Македонија е закажан за 27 мај во Киев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top