Најмалку четири лица загинаа, а 90 се повредени меѓу демонстрантите, кои упаднале во добро обезбедуваната Зелена зона во центарот на Багдад.
Ирачките безбедносни сили истрелале боева муниција и гумени куршуми, како и солзавец, за да ги растераат демонстрантите од зоната, во која се наоѓаат владината зграда, Парламентот и амбасади.
Бројката на загинатите и повредените, која е собрана од четири болници и централната багдадска мртовечница, се однесува исклучиво на жртви на пукотниците, а не на бројот на задушувањата поради употребата на солзавец.
Ирачката војска соопшти вчера дека властите воспоставиле целосна контрола врз немирите, откако силите за безбедност отвориле оган кон демонстрантите, кои упаднале во Зелената зона.
Меѓу нив биле и поддржувачите на шиитскиот муслимански верски лидер Моктада ал Садр и луѓе од други групи кои бил незадоволни поради неуспехот на Владата во донесување на реформи за борбата против корупцијата и во обезбедувањето на побезбедни услови за живот на Ирачаните.
Моктада ал Садр ги поддржа демонстрантите и ја осуди употребата на сила врз нив.тарот на Багдад, соопштија денеска болнички извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.