| четврток, 6 декември 2018 |

Единствената домашна задача им е да бидат среќни – ова се државите со најдобро образование

Дали децата треба да бидат само деца и дали постои нешто поважно од училиштето? Во потрага по одговорот на ова прашање, познатиот режисер Мајкл Мур го побара одговорот во Финска, Франција и Словенија.

Најновиот филм на оскаровецот Мур под наслов „Where to invade next“, многу медиуми го прогласија за многу субверзивно остварување, кое низ привидната форма на комедија на многу провокативен начин го критикува американскиот институционален систем и им пркоси на нормите, кога се во прашање казнувањето, судството, образовниот систем и.т.н.

По последниот филм „Capitalism: A Love Story“, снимен во 2009 година, Мур успеа седум години подоцна да оди чекор напред и во новиот филм пронајде нова тема и нов „непријател“ на човештвото.

По посетата на земјите и запознавањето со нивниот пристап и третман кон затворениците, положбата на жените, заштитата на нивните права големо внимание му привлекоа образовните системи на Финска, Словенија и Франција.

По стандардизираните тестирања кои се користат за рангирање на нивото на занаење и успешност на ученикот, утврдено е дека финските деца се најслабо рангирани. Финска веднаш презема соодветни мерки. Сега тоа школство изгледа многу поинаку.

Замислите училишта каде не постојат домашни задачи, децата можат да се качуваат по дрва, а основна цел на сите наставници и учители е да ги научат да бидат среќни, исполнети и повеќе да си играат. Тајниот образовен план на Финска успеа. Финските деца на стандардизираните тестирања станаа „број еден“. Во однос на децата од целиот свет, постигнуваат најдобри резултати на тестовите.

Како тоа го постигнаа Финците? Многу едноставно – децата треба да се учат да бидат среќни, да се почитуваат себе и другите, се повеќе да си играат и дружат со врсниците, да растат во среќно човечко битие. Децата треба да се пуштат да бидат деца.

Низ разговор со наставниците, директорите на училиштата и министерката за образование на Финска, Мур доаѓа до информации дека помладите деца во однос на постарите имаат многу покуси часови. Само 20 часа неделно, во понеделник само три. Домашни задачи не постојат, затоа што премногу работа без одмор ја намалува продуктивноста, а таквата работа ја губи смислата. Од таа причина, финските деца имаат најмал фонд часови и најкуса училишна година во целиот западен свет. Како што вели една финска директорка на училиште мозокот мора да одмора, а децата треба да уживаат.

Дури и „строгиот“ професор по математика во едно финско училиште, смета дека од таблицата по множење поважно е децата да научат бидат среќни и исполнети.

Мур низ своето патување во филмот „Where to invade next“ ги посети и француските деца и покажа како изгледаат детските оброци и колку се разликуваат од она што јадат американските деца. Газираните пијалаци не се омилени, а и сексуалното воспитување на ученикот игра важна улога.

Мур ја посети и Словенија, која нуди бесплатно студирање како на своите така и на странските студенти, додека само на спомнувањето за воведување на школарина, студентите стапуваат во штрајк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top