| четврток, 6 декември 2018 |

„Турандот“ в четврток на сцената на МОБ

Во четврток, 26 мај 2016 г. со почеток во 20 часот, во рамките на 44 Мајски оперски вечери, во Македонската опера и балет ќе биде изведена спектакуларната претстава „Турандот“ на Џакомо Пучини.
Годинава на 25.03. „Турандот“ имаше нова премиера, со нова авторска екипа, нова режија, сценографија и костимографија и наиде на одличен одѕив, како кај публиката, исто така и кај критиката.
Во претставата ќе настапат: Оксана Крамарева  од Украина, во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија Nessun Dorma, ќе настапи Симоне Фредијани од Италија, Лиу: Сандра Митровска, Тимур: Игор Дурловски, Пинг: Кристијан Антовски, Панг: Дарко Нешовски, Понг: Дејан Стоев,Мандарин: Славчо Димовски, Алтоум: Марјан Николовски, Принцот од Персија: Дарко Нешовски, Џелат: Тихомир Јакимовски.
Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, диригент: Џана Фрата, (Италија), светло дизајн: Волфганг фон Цубек(Австрија).

Билетарница на МОБ: 02 3118-451
Online: www.mob.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top